Аудио Центар Болин




Аудио Центар Болин

Болин

Т.Д. Болин или познат како Аудио Центар е основан 1995 година. Болин е формиран со идеја да го направи Hi-Fi звукот лесно достапен за секого. Во почетокот преку своите два салона во Т.Ц. Буњаковец и Т.Ц. Капиштец, а подоцна и во Г.Т.Ц.

Салонот во Г.Т.Ц. е отворен 2000 година и е еден од најексклузивните салони на балканот за Hi-Fi опрема. На 300 м2 ги нудиме врвните брендови од областа на Hi-Fi-от како што се Marantz, Bowers & Wilkins, Rotel, Harman Kardon, JBL, Infinity, McIntosh, Denon, Canton, Mordaunt Short, Pro-Ject Audio, Loewe, AKG и други. Во салонот има и две демо соби каде што може да се тестираат производите.

За целосно задоволување на потребите на нашите клиенти освен врвни производи во Болин ќе добиете и квалитетна услуга и стручен совет од областа на аудио и видео технологиите.

За ова наше залагање за што поквалитетен третман на нашите клиенти на почетокот на 2010 година го добивме и признанието најдобар трговски објект во 2009 година во категоријата компјутерска, Аудио-видео опрема и телекомуникациска опрема. Ова признание секоја година го доделува градот Скопје во соработка со SWOT Research агенцијата.