Bowers & Wilkins B&W 603 S3 Возвишете го вашето музичко искуство со нови звучници

Кога станува збор за Bowers & Wilkins веднаш знаеме дека се работи за бренд кој развива и интегрира аудио технологија со највисок калибар на перформанси во нивните производи. Овој пат ви го претставуваме најголемиот звучник во серијата 600 кој е идеален за поголеми простории и домашни кина Bowers & Wilkins 603 S3.
Новиот 603 S3 го поседува целосно новиот високотонец Titanium Dome, кој комбинира исклучителна резолуција и увид со мазна, рафинирана репродукција со висока фреквенција за вашата омилена музика да звучи најтранспарентно.