Pro-Ject Debut EVO 2 софистициран грамофон за модерното време

Pro-Ject Debut EVO 2 е извонреден избор за аудиофилите кои бараат исклучителен квалитет на звук.
Рачно изработен со внимателна посветеност , елегантна минималност , целосно фокусиран на корисникот , заджувајки ги класичните одлики на еден добар грамафон .
Модерен е таму каде што навистина треба: со подобрени лежишта, електронско менување на брзината и антирезонантни ногарки кои го прават звукот прецизен и стабилен. Но, сепак, чувството останува автентично аналогно — топло, нежно и интимно.
Во неговото срце се наоѓа новата Pick it MM EVO игла, развиена во соработка со Ortofon. Оваа игла создава жив и динамичен звук, совршен за жанрови како џез , поп и рок .
Како инструмент во рацете на мајстор, Pro-Ject Debut EVO 2 со секој елемент — од нискорезонантната основа, преку карбонската рачка, до прецизната игла — функционира во хармонија за да ја открие душата на вашиот винил.
Па така ставајки ја вашата омилената плоча на Pro-Ject Debut EVO 2 , нема само да слушате музика — ќе слушнете текстура: здивот зад вокалот, лизгањето на прстите по жиците , моќта на басот и сите перфектни имперфекции . Токму тоа е тоа што ја прави музиката толку жива , аналогна и реална .