Polk Signature Elite ES20

Polk ES20 не е звучник што e создаден за да ве фасцинира со луксузни материјали или со дизајн што вика „погледни ме“.
Неговата моќ лежи во нешто посуптилно — во искреноста на звукот, во рамнотежата на тоновите, во чувството дека музиката конечно звучи „правилно“.
Овој bookshelf модел од серијата Signature Elite на Polk е создаден за љубителите на добра музика,
кои не сакаат да направат компромис ниту према квалитет , ниту према звукот — ниту према буџет.
Однадвор, ES20 изгледа едноставно: цврста кутија со минималистички изглед, која лесно се вклопува во секој ентериер.
Но веднаш штом ќе пуштите музика, работите се менуваат.
Dynamic Balance драјверите и Power Port технологијата создаваат изненадувачки широк звук, со длабок бас и отворени, воздушни високи тонови.
Слушањето е лесно, пријатно — без замор, без вештачка боја, без премногу “филтрирана” репродукција.
Полк не се обидува да ви импресионира со нападен звук — туку ве освојува со рамнотежа, јасност и топлина.
Без разлика дали слушате винил, филмови, или вашата плејлиста на Spotify — ES20 внесува длабочина и карактер во секој извор.
Во помали и средни простории, овие звучници звучат многу поголемо отколку што изгледаат
— и тоа без потреба од субвуфер (освен ако сакате да ги туркате границите).
Наш впечаток:
– Звучник кој нуди искрено и балансирано hi-fi искуство по пристапна цена
– Одлична звучна сцена — широка и длабока, со многу детали и простор
– Неверојатна вредност за парите — особено за љубители кои влегуваат во светот на стерео аудио
– Одлично се вклопува со засилувачи од entry и mid-range категорија (Marantz, Denon, Yamaha…)
– Power Port технологија што нуди подинамичен и полн бас, дури и без посебен сабвуфер
– Елегантен, ненаметлив дизајн кој се вклопува во секој дом