Bowers & Wilkins B&W 603 S3 Возвишете го вашето музичко искуство со нови звучници

Кога станува збор за Bowers & Wilkins веднаш знаеме дека се работи за бренд кој развива и интегрира аудио технологија со највисок калибар
Ова не е само уште еден подно стоечки модел.
Ова е уред во кој се среќаваат дизајн, инженерство и емоција – создаден за оние кои не прават компромис кога станува збор потрагата за добар звук.
603 S3 е најновиот и најмоќен модел од редизајнираната 600 серија,
со технологија инспирирана директно од врвната 700 и 800 Diamond серија.
Новиот твитер со титаниумска мембрана носи повеќе прецизност,
додека Continuum™ среднотонецот го отсликува секој вокал и инструмент со неверојатна јасност и топлина.
Двојните бас драјвери носат моќен, длабок и контролирано богат звук, идеален и за музика и за филмови.
Но вистинската магија е во целината.
Целосно ново дизајнирана поделба на фреквенции, поцврста кутија, и внимателно оптимизирани компоненти за
звук кој е балансиран, обемен и жив – дури и при тивки нивоа на слушање.
Наш впечаток:
▪️ Извонредна динамика дури и на ниски нивоа на гласност
▪️ Идеален за средни и големи простории
▪️ Совршен како дел од 2-канален систем или како фронтален пар во high-end домашно кино
▪️ Минималистички, но луксузен дизајн кој изгледа одлично во секој ентериер
▪️ Достапен во три изведби : Црна, Бела и Оревова