Marantz Stereo 70s сега со специјална цена

Marantz Stereo 70s е создаден за оние кои сè уште се грижат како звучи музиката — но уште поважно, какави чувства им буди истата .
Овој двоканален ресивер нуди длабочина, прецизност и топлина — сето тоа спакувано во елегантен и тенок дизајн што беспрекорно
се вклопува во секој модерен простор.
Зад неговиот минималистички изглед се крие внимателна рамнотежа помеѓу традицијата и иновацијата.
Со HDMI ARC поддршка, станува идеален партнер за вашиот телевизор, а вградените
HEOS, AirPlay 2, Bluetooth и Spotify Connect овозможуваат беспрекорно стримување од скоро секој извор.
За љубителите на аналогниот звук тука е и посебниот фоно влез, дизајниран да го оживее звукот на вашите винил плочи —
со онаа препознатлива топлина и нежност што е препознатлив белег и синоним на Marantz.
Без разлика дали стримате дигитални фајлови, слушате винил или гледате филм —
Marantz Stereo 70s се приспособува на моментот.
Овој уред не ја репродуцира музиката — тој создава амбиент каде што звукот дише, каде што се раскажуваат приказни, и сè делува поприсутно, побогато, пореално.
Наш впечаток:
- Комбинација од винтиџ топлина и модерна технологија: совршена за љубителите кои сакаат најдоброто од двата света
- Суптилен и стилски дизајн: ќе се вклопи беспрекорно во секој ентериер, без да доминира
- Врвна звучна изведба: богата, емотивна и прецизна, што ги открива сите нијанси на музиката
- Флексибилни опции за поврзување: HDMI ARC, HEOS, Bluetooth, AirPlay 2 и phono влез — одличен за секој извор
- Лесна инсталација и користење: интуитивен интерфејс и апликација која овозможува целосна контрола
- Достапен во две елегантни бои: црна и сребрено-златна, за да одговара на вашиот стил