Новости

Sonus faber Sonetto V G2 – најдобар подно стоечки звучник за 2025–2026

glavna slika g22

Кога еден звучник ќе ја освои EISA наградата за најдобар во својот сегмент, тоа значи нешто.4161bd7a 6dce 035f e067 c7218af561d6
Не е само уште еден трофеј во работилницата на италијанските мајстори —
туку признание од независни, новинари и аудио експерти од цела Европа,
кои цела година тестираат, слушаат и споредуваат.
Годинава, Sonus faber Sonetto V G2 излезе на врвот и
ја понесе титулата најдобар подно стоечки звучник за 2025–2026.

Тоа не е случајно.

Жирито ја препозна неговата способност да испорача музичко доживување што го надминува очекуваното во својата класа.
Звук што звучи поголемо од самиот звучник. Изведба што ја обединува италијанската естетика со вистински hi-fi перформанси.
Топлина, прецизност, динамика и длабочина — сè што треба да има еден врвен звучник, Sonetto V G2 го има. И повеќе од тоа.

Однадвор, Sonetto V G2 изгледа како дело на дизајнер, а не на инженер — со префинети форми, рачна изработка и препознатлив италијански стил.
Однатре, работи прецизно како инструмент — со сопствени драјвери, нова кросовер технологија и внимателно избрана акустичка архитектура.

Sonetto V G2 не е звучник што се истакнува со бројки — туку со магија што ја предизвикува кога музиката започнува да свири.
Тоа е таа магија што не се мери со херци и вати, туку се чувствува , доживува и памети  .

Наш впечаток:

▪️ EISA наградата не е маркетинг — туку потврда. Sonetto V G2 нуди звук што не само што се слуша, туку се чувствува.logo sonus g2
▪️ Деталност и топлина што ве поврзува со музиката на еден многу интимен начин.
▪️ Импресивна сцена и длабочина — особено со аналогни извори или hi-res стриминг.
▪️ Дизајн што не бара внимание, туку природно го привлекува.
▪️ Совршен избор за оние што сакаат и звук, изработка и престиж.

SONUS FABER SONETTO V G2 WALNUT